| четврток, 6 декември 2018 |

Момче починало во кафуле: Се пожалил дека му студи и само се струполил

Дваесет и едногодишниот Дамир Т. од Хрватска ненадејно починал откако со пријателите дошол во кафуле. Несреќата се случила во неделата околу 22 часот, откако Дамир со друштвото излегле во кафулче, а пред да се случи несреќата Дамир се пожалил дека му студи.

– Дамир како и секој викенд со своето друштво дошол во кафулето, малку стоеле на шанкот, а потоа се сместиле на масата која секогаш си ја резервирале. Не седеле ни 10 минути кога Дамир се пожалил дека му студи, а потоа само се ступоли на подот, вели келенерот во кафулето.

Тие што го познаваат велат дека никогаш не се жалел на здравствени проблеми. Откако паднал, персоналот на кафулето се обидел да му помогне и повикале Брза помош.

Момчето умрело од природна смрт, а се чека обдукцијата да ја открие причината за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top