Ерик Браузер, кој е океанограф, а истовремено и капетан на јахтата, на кое живее со неговото четричлено семејство на Арктикот, во период од пет години, како што вели има видено повеќе од 800 поларни мечки
„Нашите први соседи се поларните мечки. Мислам дека само за пет години видовме најмалку 800 поларни мечки“, вели Ерик.
Ова семејство веќе втора година по ред зимата ја минува на Арктикот, и тоа на јахта, а како што велат, први соседи им се поларните мечки. Јахтата во која живеат е долга 15 метри и не плови никаде. Капетанот на оваа јахта Ерик Браузер има едноставен екипаж кој го сочинуваат сопругата, тригодишната и петгодишната ќерка.
Ова не е првата зимска авантура на ова семејство.
Минатата зима биле одалечени 50 километри од центарот, така што по основните намирници морале да патуваат еднаш неделно. Оваа зима јахтата од центарот била одалечена само неколку минути. Велат дека тоа си има свои предности, но и мани.
„Многу работи ни недостасуваат… Пријатели, семејство, но со помош на Скајп можеме секогаш да ги контактираме“, вели Браузер.
Капетанот на оваа јахта и главата на семејството, кој по професија е океанограф, вели дека никогаш не можел да поднесе работа во канцеларија.
„Јас сум истражувач и баш поради тоа дојдов на идејата да зимата ја поминам на брод со својата опрема која ми е потребна за истражување, мерење на дебелината на ледот и температурата на која се топи ледот“, објасил Браузер.
Извор: денешен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


