| четврток, 6 декември 2018 |

Магацинот на најголемата лабораторија откриен во Батинци

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, заокружувајќи ги минатонеделните активности кога во соработка со истражен тим од Република Србија и во координација со американската ДЕА беше разбиена меѓународна криминална група која се занимавала со недозволена трговија со дрога, поднесе кривични пријави против седум лица.

 Се работи за А.Х. (53), С.Ш. (40) и А.М. (30) тројцата од Скопје, З.Д. (55), И.Ш. (52) двајцата од Тетово, и српските државјани – М.З. (49) и С.К. (54) на кои им е одреден 30 дневен притвор.

Покрај тоа што беше откриена најголемата лабораторијата за производство на синтетичка дрога во ЈИЕ и тоа во Тетово, во близина на Скопје, во село Батинци беше откриен магацински простор изнајмен од групата за складирање на хемиски супстанци и други материјали, како и опрема потребна за подготовка и производство на дрогата.

Запленети си возила, мобилни телефони, сим картички, оружје, муниција и друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top