Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, заокружувајќи ги минатонеделните активности кога во соработка со истражен тим од Република Србија и во координација со американската ДЕА беше разбиена меѓународна криминална група која се занимавала со недозволена трговија со дрога, поднесе кривични пријави против седум лица.
Покрај тоа што беше откриена најголемата лабораторијата за производство на синтетичка дрога во ЈИЕ и тоа во Тетово, во близина на Скопје, во село Батинци беше откриен магацински простор изнајмен од групата за складирање на хемиски супстанци и други материјали, како и опрема потребна за подготовка и производство на дрогата.
Запленети си возила, мобилни телефони, сим картички, оружје, муниција и друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст