Филмот кој ги урива светските рекорди на заработка, на 20 јуни ни пристига во „Синеплекс“. „Човекот од челик“ на режисерот Зак Снајдер е новото продолжение на Супермен, човекот кој е симбол за надеж на човековата раса. Во првиот викенд од прикажување филмот заработи неверојатни над 200 милиони долари. Светските критичари го оценуваат како еден од најдобрите блокбастери ова лето. „Емотивен, прекрасен и исполнет со брутални борби, ова е победник од почеток до крај“ – „Ентертејмент њуз“.
Во пантеонот на суперхерои, Супермен е најпознатиот и најпочитуваниот лик на сите времиња. Кларк Кент/Кал-Ел (Хенри Кавил) е млад новинар во своите дваесети години кој се чувствува отуѓен поради своите моќи кои преовладуваат со неговата фантазија. Транспортиран пред многу години од напредната планета Криптон на Земјата, Кларк се бори со големото прашање „Зошто сум овде?“ Воспитан во системот на вредности на своите нови родители Марта (Дајан Лејн) и Џонатан Кент (Кевин Костнер), Кларк набрзо открива дека поседува натчовечки моќи. Кога на светот му е најпотребна стабилност, тој е нападнат. Дали неговите способности ќе бидат употребени за да се одржи мир или ќе се искористат за да завладее? Кларк мора да стане херој, познат како Супермен, не само само за да му даде на светот последна надеж, туку и да ги заштити оние кои ги сака.
-По повод премиерата на филмот, „Синеплекс“ организира „Машка филмска вечер“ и изненадувања за своите посетители – велат од „Синеплекс“.
Оваа недела пристига и второто продолжение на анимираната комедија „Чудовишта од универзитетот 3Д“. Приказната се навраќа на времето пред Мајк и Сали да постанат корпорација на чудовишта кои ги плашат децата, на нивната едукација и почетокот на нивната дружба.

Навраќање во времето кога Мајк и Сали биле заедно на факултет – време кога и не биле баш најдобри другари. Приказна сместена 10 години пред настаните од Monsters, Inc., сериозниот но многу интелигентен Мајк, е нестрплив да почне факултет каде што главниот предмет му е Плашење. Но работите не одат според план, кога Сали ќе се најде во истото братство како и Мајк. А Сали е тотална спротивност од Мајк: дружељубив, шегаџија и видно крупен. И тој како и Мајк, го има предметот Плашење како главен и наскоро стануваат непријатели во ривалство што ќе ги разниша нивните светови, но и по некоја чудна случајност и ќе ги зближи повеќе.
-За најмладите подготвивме и мало изненадување. Со секоја купена карта за филмот, првите 200 посетители добиваат Real 3D очила, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


