| четврток, 6 декември 2018 |

Запознајте ги Тајлер и Камерон Винклвос, браќата кои станаа први милијардери во биткоин

Близнаците Тајлер и Камерон Винклвос кои го обвинуваа Марк Зукерберг дека ја украл нивната идеја за Фејсбук, се првите биткоин милијардери во светот, соопштува британскиот „Телеграф“.

Во 2013 година, браќата купуваат крипто-валути од 11 милиони долари, стекнувајќи околу еден отсто од сите биткоини во светот. Оттогаш, дигиталната валута скокна речиси 100 пати на 11.395 долари.

Се уште не е познато колку точно биткоини поседуваат двајцата браќа, но се претпоставува дека тие надминуваат 100 000. На овој начин, состојбата на Винклвос надминува една милијарда долари.

Браќата се категорични дека немаат намера да го продаваат својот имот во криптовалути.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top