| четврток, 6 декември 2018 |

Го донеле на Ургентен, лекарите не смееле да му го спасат животот поради оваа тетоважа

Еден Американец во тешка алкохолизирана состојба бил донесен во локалниот Ургентен центар на Флорида.

Поради прекумерната количина алхокол срцето му застанало, а кога лекарите почнале да го реанимираат и да му го спасуваат животот, ја здогледале тетоважата на неговите гради поради која биле принудени да го пуштат да умре.

На градите, човекот имал тетоважа која гласела „да не се реанимира“. Болничарите се обиделе меѓу неговите работи да пронајдат документи кои би можеле да послужат како правно важечки, но не успеале.

На крајот одлучиле да ја почитуваат желбата на пациентот, а два часа подоцна, сепак, пронашле документ кој потврдил дека ја направиле вистинската работа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top