Во полициската станица Ѓорче Петров, С.С. (24) пријавила дека завчера околу 20 часот во село Волково, додека одела пеш кон куќата на нејзината пријателка, била пресретната од нејзиното поранешно момче Г.Н.(24) кој бил во неговото возило. Тој застанал и преку отворениот прозорец и рекол да влезе во возилото.
С.С. најпрвин не сакала да влезе, но тој продолжил да инсистира по што таа влегла во возилото. Потоа тој почнал да вози кон неговиот дом. Кога пристигнале пред неговата куќа, излегле од возилото и Г.Н. почнал да ја влече за раце и за јакната и ја туркал по скалите на вториот кат во куќата. Двајцата започнале разговор но тој веднаш и го одзел мобилниот телефон за да види со кого разговарала и кога С.С. побарала да и го врати телефонот физички ја нападнал, удирајќи ја со повеќе удари со тупаници по лицето, главата и телото, и ја турнал на земја.
Во еден момент оштетената истрчала кон влезната врата за да избега, но тој ја стигнал, ја фатил и продолжил да ја удира по грбот со тупаници. Истата успеала да се оттргне од него и избегала по скалите, а тој продолжил да ја брка, но С.С. избегала и веднаш ја повикала нејзината пријателка, којашто ја однела кај неа дома, а оттаму ја однела на лекар во Ургентниот Центар во Скопје.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.