Пејачот Жељко Самарџиќ реживеал тешка семејна трагедија. Неговиот син, кој го добил со сопругата Маја, веднаш по раѓањето напрвата ќерка Сања, починал уште додека бил бебе, неколку месеци по раѓањето.
-Нашето второ дете беше син кој почина уште како бебе, а тоа се рани кои не зацелуваат додека сте живи. Остана бескрајна тага и празнина. Сфатете ме, за тоа не сакам да зборувам – изјавил Самарџиќ за српските медиуми.
Пријател на семејството изјавил дека пејачот многу сакал повторно да добие син, но добил две ќерки Данијела и Миња, кои заедно со Сања, бескрајно ги сака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.