| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Црногорскиот симфониски оркестар во Македонската филхармонија

Во Амбасадата на Црна Гора денеска беше потпишан меморандум за соработка помеѓу двата оркестри – Македонската филхармонија и Црногорскиот симфониски оркестар.

Истата вечер во 20 часот во Македонската филхармонија, Црногорскиот симфониски оркестар ќе одржи концерт, под диригентската палка на Григориј Краско. Како солист ќе настапи реномираниот гитарист Горан Кривокапиќ. Ќе бидат изведени свитата „Слики од изложбата“ од М. Мусоргски, Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“ од Х. Родриго и „Танци од Галанта“ од З. Кодај.

Црногорскиот симфониски оркестар прв пат настапил на 14 декември во 2007 година во Цетиње, и набргу станал важна алка на музичкиот живот во Црна Гора. На преку две стотини концерти во земји во светот (Италија, БиХ, Србија, Хрватска, Русија, Турска, Албанија, Франција), со нив, помеѓу останатите, настапиле видни солистички имиња како: Монсерат Кабалие, Миша Мајски, Иво Погорелиќ, Иља Гринголц, Роман Симовиц, Милош Карадаглиќ, Симон Трпчески, Стефан Миленковиќ…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top