| четврток, 6 декември 2018 |

Баба од пеколот: Произведувала отров и го тестирала на стари лица

Бети Милер од Америка е уапсена во четвртокот откако е утврдено дека произведувала отров во домот за стари лица во Вермонт, а потоа го испробувала на лицата сместени во домот.

За среќа, отровот кој таа го правела нема однесено ниту една жртва, но бил доволна причина за полицајците да направат претрес и да најдат шишенца, на кои стоела ознаката „рицин“.

Милер за ФБИ рекла дека отсекогаш ја интересирала билните отрови, дека информациите ги наоѓала на интернет и ги тестирала на другите лица во домот, со ставање на мали количини во храната и водата.

По приведувањето, полицајците ги одзеле сите опасни супстанци пронајдени во нејзината соба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top