Викендов во Скопје ќе се одржи еден од најзначајните книжевни настани во регионот – жирирање и свечено доделување на меѓународната книжевна награда „Балканика“ за најдобра книга за 2015 и 2016 година. Денес пристигаат номинираните автори, книжевни критичари и издавачи од сите 7 земји-членки на Фондацијата Балканика. Меѓународното жири, составено од седум реномирани книжевни критичари од секоја држава, на чело со претседателот на жири комисијата, професорот Ендрју Вахтел од САД, ќе имаат тешка задача да одберат по една најдобра книга за 2015 и 2016 година, од исклучително квалитетните номинирани книги годинава.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во кино Фросина, МКЦ, во недела (03.12.2017), со почеток од 18 часот.
Фондацијата „Балканика“ е основана во 1996 година, од страна на релевантни издавачки куќи од 7 држави од Балканот: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Турција и Романија. Седиштето на Балканика се наоѓа во Софија, Р. Бугарија, на чело со претседателот, господинот Николај Стојанов. Во Балканика членуваат по една реномирана издавачка куќа од секоја од седумте држави-членки на фондацијата. Одржувањето на книжевната манифестација ротира кај секоја од државите членки. Значајно е да се истакне дека секој добитник на наградата се стекнува со голем публицитет и вон балканските држави, и неретко е значајна за пробивањето на авторот во меѓународни рамки, а со самото тоа и афирмацијата на книжевноста на државата од која доаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Наградата „Балканика“ ја добија Башким Шеху од Албанија и Мурат Озјашар од Турција
-
Романот „Но-Уи“ на Лидија Димковска – национален кандидат за наградата „Балканика“
-
„Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски е македонски претставник за „Балканика“
-
Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ е македонски претставник за „Балканика“