| четврток, 6 декември 2018 |

„Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски е македонски претставник за „Балканика“

Романот „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски годинава е избран за македонски претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“. Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав: Александар Прокопиев, претседател, Ермис Лафазановски, член и Елизабета Шелева, член.

На конкурсот пристигнале 10 ракописи од кои, како што истакна Прокопиев, веднаш се издвоиле три и тоа: „Враќањето на козите“ од академик Луан Старова, „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски и „Телото во кое треба да се живее“ од Петар Андоновски.

nevidlivi-ljubovi_balkanika

-Најголемата предност на оваа романескна проза се состои во нејзината афористичност, концизност и прецептивна свежост што придонесува на оригинален начин, одново да ја откриеме и доживееме денешната стварност и светот кој цврсто не стега во сопственото менгеме и императивот на баналноста. Покрај тоа, не помалку важен квалитет на прозата на Јанковски е што наспроти вообичаениот и помодарски дух (или имератив) на цинизмот и нихилизмот со својот став и јазик, таа ја негува вербата во неприкосновената чистота и благородност на човековите пориви – вели Прокопиев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top