| четврток, 6 декември 2018 |

Режисер со три факултети: Кој е Слободан Праљак, човекот кој се отру пред Хашкиот трибунал

Слободан Праљак (72), последниот осуденик на Хашкиот трибунал во нивниот мандат кој направи чин за памењтење во историјата на оваа институција откако среде судот во момент на изрекување на пресудата испи отров и почина е генерал-полковник на Хрватската армија во пензија.

Роден е во Чапљина (БиХ), дипломирал на три факултети и, како што пишува хрватски Вечерњи лист, бил член на три армии, сопственик на бројни компании и недвижности што подоцна им ги пренел на членовите на семејството. Дипломирал за електроинженер во 1970 година, филозофија и социологија дипломирал во 1971 година, а една година подоцна дипломирал на Академијата за театар и филм.

Од почеток работел како театарски режисер а подоцна, меѓу другото, снимил телевизиска серија “Блесан и тулипан”, документарен филм “Смртта на кучето” и филм “Враќање на Катарина Кожул”. За време на судењето во Хаг издаде 18 книги со документи од Татковинската војна и анализи на војната во БиХ. Хрватското Министерство за финансии ги прогласи книгите за кич, односно шунд, и пред четири години му наплаќа ДДВ за продадените примероци.

Вечерњи пишува дека на Праљак, чиј прекар е Бред, му се припишува одговорност за уривањето на Стариот мост во Мостар, иако еден ден пред тоа бил сменет од должноста на командантот на ХВО. Тој тврди дека мостот бил урнат со активирање на експлозив лоциран на левиот брег на Неретва, каде што се наоѓала Армијата на БиХ.

Воена биографија

На почетокот на војната во 1991 година, како што пишува хрватскиот Јутарњи лист, тој доброволно се приклучил на вооружените сили на Република Хрватска a потоа бил промовиран во ранг на генерал-мајор. На 3 септември 1991 година, се пријавил да волонтира во Слуњ, каде што имало крвави битки кои сè уште не се целосно разјаснети.

Во текот на 1992 и 1993 година работел како еден од 14-те членови на Националниот совет за одбрана на Република Хрватска и член на Хрватската државна комисија за односи со УНПРОФОР. Тој беше висок претставник на Министерството за одбрана и на 13 мај 1993 година беше назначен за претставник на Министерството за одбрана на Хрватска Република Херцег-Босна и Хрватскиот совет за одбрана.

Од 24 јули до 8 септември 1993 година, Праљак бил началник на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана. Во ноември 1993 година, Праљак влегол во конфликт со командантот на баталјон на ХВО во Кањижа, еден од најголемите авторитети на тогашната хрватска паравоска – Младен Налетилиќ Тута, што резултирало со смена на Праљак од функцијата началник на Генералштабот на ХВО.

Во ноември 1993 година беше урнат исторсики познатиот и важен Стар мост во Мостар, голем дел од светските медиуми за делото го обвинува Хрватскиот воен совет за одбрана (ХВО), предводен од Слободан Праљак како командант, иако тој тврди дека не наредил такво нешто бидејќи бил сменет ден претходно. Праљак тврди дека мостот бил урнат со активирање на експлозивна направа лоцирана на левиот брег на Неретва, каде што се наоѓала Армијата на БиХ, војската на Алија Изетбеговиќ.

Слободан Праљак денеска беше осуден на 20 години затвор во Хаг, заедно со уште пет други поранешни лидери на таканаречената ” Херцег-Босна“, или територија на Херцеговина под власт на хрватските воени сили за време на војната 1991-1995 година.

Во Хашкиот трибунал, за време на изрекувањето на пресудата за шестемина поранешни лидери на т.н. Херцег-Босна, беше потврдено дека постоело заедничко злосторничко здружение, предводено од Фрањо Туѓман. Со првостепената пресуда, хрватските водачи во БиХ беа осудени на вкупно 111 години затвор за злосторства од 1992 до 1994 година во Херцеговина и во Централна Босна.

Прљак, кога беше изрешена првостепената пресуда, стана од своето мести и рече дека не е воен злосторник.

– Слободан Праљак не е воен злосторник. Не се согласувам со вашата пресуда, рече Праљак, и извади мало шише од кои испи течност. Иако не бил вклучен во микрофонот, неговите зборови биле слушнати во телевизиското емитување. Неговиот адвокат изјави дека Прљјак пред судиите на Хашкиот трибунал, во тој момент, испил отров, а неколку часа подоцна беше објавено дека починал во болница во Хаг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top