| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на Фејсбук: Во прашање е државата!

-Ова е последниот чин на пресметката со слободномислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањето на државата- напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалните мрежи.
-Во прашање е државата.Ова не е правда, веќе законите и Уставот не важат, ова е заробена држава.

Погледнете денес не е тема тоа што секоја втора вечер имаме убиства, имаме насилие, грабежи, рекетари, тема се луѓето кои беа на страната на државата. Ова се прави за да се отвори пат за промена на име, идентитет, јазик, неуставна двојазичност, историја- напиша Груевски.

Неговата партија за денеска најави серија протестни активности кои почнуваат соблокада на раскирсници а завршуваат со протест пред Министерството за правда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top