| четврток, 6 декември 2018 |

Па­па­та Фран­циск и па­три­јар­хот Вар­то­ло­меј во ми­си­ја за обе­ди­ну­ва­ње на хри­сти­јанс­тво­то

Ра­ско­лот во хри­сти­јан­ски­от свет, кој трае ре­чи­си еден ми­ле­ни­ум ме­ѓу след­бе­ни­ци­те на Исус, соз­да­де не са­мо те­о­ло­шки, ту­ку и ли­тур­ги­ски и обред­ни раз­ли­ки. Ил­ја­да го­ди­ни по Го­ле­ма­та шиз­ма, ко­га дош­ло до раз­е­ди­ну­ва­ње на источ­на­та и на за­пад­на­та цр­ква, по­втор­но се ра­ѓа ини­ци­ја­ти­ва за об­но­ву­ва­ње на од­но­си­те ме­ѓу две­те цр­кви, кои тре­ба да при­до­не­сат за вра­ќа­ње на хри­сти­јан­ско­то единс­тво.

По­ја­ву­ва­ње­то на ца­ри­град­ски­от па­три­јарх Вар­то­ло­меј Пр­ви на ина­у­гу­ра­ци­ја­та на па­па­та Фран­циск се сме­та за еден од нај­сил­ни­те ге­сто­ви што ука­жу­ва­ат на рас­по­ло­же­ни­е­то кое вла­дее ме­ѓу Исто­кот и За­па­дот за об­но­ву­ва­ње на од­но­си­те. На све­че­на­та це­ре­мо­ни­ја има­ше де­ле­га­ции од по­ве­ќе од 20 пра­вос­лав­ни цр­кви и егу­ме­нии, но при­сус­тво­то на па­три­јар­хот е од исто­ри­ско зна­че­ње за це­ли­от хри­сти­јан­ски свет. Не­го­ви­от по­тег се сме­та за хра­бар че­кор во уна­пре­ду­ва­ње­то на од­но­си­те ме­ѓу пра­вос­лав­на­та и ка­то­лич­ка­та цр­ква, кој би мо­жел да има трај­но зна­че­ње за­тоа што прв­пат во исто­ри­ја­та еден ца­ри­град­ски па­три­јарх при­сус­тву­ва на усто­ли­чу­ва­ње на пог­ла­вар на Ри­мо­ка­то­лич­ка­та цр­ква.

vartolomej

 

– Пр­во и нај­важ­но е тоа што прет­ста­ву­ва мо­ќен сим­бо­ли­чен гест за ка­у­за­та на хри­сти­јан­ско­то единс­тво. Хри­сти­јан­ски­от свет е по­де­лен тол­ку дол­го што вос­по­ста­ву­ва­ње­то но­во единс­тво ба­ра хра­брост, ли­дерс­тво и по­низ­ност. Исто та­ка, ба­ра и за­ед­нич­ка вер­ба и гри­жа. Со Бож­ја по­мош таа за­ед­нич­ка цел мо­же да се транс­фор­ми­ра во по­су­штин­ска те­о­ло­шка со­ра­бо­тка. Но, та­ква­та ра­бо­та ба­ра прв че­кор, а по сѐ изг­ле­да па­три­јар­хот Вар­то­ло­меј са­ка да го на­пра­ви ток­му тоа – сме­та до­ктор Џорџ Де­ма­ко­пу­лос од пра­вос­лав­ни­от на­у­чен цен­тар на Уни­вер­зи­те­тот „Фор­дам“.

Во цр­ков­ни­от свет по­те­гот на Вар­то­ло­меј се тол­ку­ва ка­ко ме­ѓу­себ­но приз­на­ва­ње на две­те цр­кви, што е од огром­но зна­че­ње. Де­ка по­стои се­ри­оз­на вол­ја за по­ми­ру­ва­ње на две­те стра­ни по­ка­жа и фа­ктот што Вар­то­ло­меј за це­ли­от пре­стој во Рим бе­ше при­дру­жу­ван од ко­пре­тсе­да­те­лот на Ко­ми­си­ја­та за ди­ја­лог ме­ѓу две­те цр­кви.

– На­ста­нот се­ка­ко е уни­ка­тен за­тоа што се слу­чу­ва по точ­но 959 го­ди­ни отка­ко Рим и Ца­ри­град ја пре­ки­наа ко­му­ни­ка­ци­ја­та во 1054 го­ди­на – ја­ви „Ра­дио Ва­ти­кан“ во из­ве­сту­ва­ње­то за ина­у­гу­ра­ци­ја­та на па­па­та Фран­циск.

Па­три­јар­хот ве­ќе по­дол­го вре­ме глас­но се из­јас­ну­ва за по­стиг­ну­ва­ње единств­но ме­ѓу ка­то­лич­ка­та цр­ква и 14-те пра­вос­лав­ни цр­кви. Вар­то­ло­меј ус­пеа да вос­по­ста­ви до­бри од­но­си пр­во со па­па­та Јо­ван Пав­ле, а по­тоа и со па­па­та Бе­не­дикт Шес­на­е­сет­ти со ко­го раз­ме­ни и „бак­неж за мир“ за вре­ме на ед­на ли­тур­ги­ја во ка­то­лич­ка­та цр­ква во Истан­бул. Двај­ца­та пог­ла­ва­ри во 2006 го­ди­на пот­пи­шаа за­ед­нич­ка из­ја­ва со ко­ја се охра­бри ме­ѓу­на­род­на­та те­о­ло­шка ко­ми­си­ја фор­ми­ра­на од врв­ни ка­то­лич­ки и пра­вос­лав­ни те­о­ло­зи за да ги прид­ви­жат на­по­ри­те за ди­ја­лог и за раз­би­ра­ње. За вре­ме на ми­на­то­ме­сеч­на­та ина­у­гу­ра­ци­ја, но­ви­от па­па од­го­во­ри на по­ра­ка­та на па­три­јар­хот ис­пра­те­на со са­мо­то не­го­во при­сус­тво, на­ре­ку­вај­ќи го Вар­то­ло­меј „мо­јот брат Ан­дреј“, ре­фе­рен­ца иска­жа­на во чест на па­тро­нот на Ца­ри­град­ска­та цр­ква, Све­ти Ан­дреј. За вре­ме на пре­сто­јот во Рим, па­три­јар­хот, исто та­ка, го по­ка­нил па­па­та да му се при­дру­жи на прос­ла­ва­та во Еру­са­лим, ка­де што ќе се од­бе­ле­жат 50 го­ди­ни од исто­ри­ска­та сред­ба ме­ѓу па­па­та Пав­ле Ше­сти и па­три­јар­хот Ате­на­го­рас. Си­те овие ге­сто­ви на пог­ла­ва­ри­те на две­те рас­ка­ра­ни хри­сти­јан­ски цр­кви оста­ва­ат впе­ча­ток де­ка две­те стра­ни се под­го­тву­ва­ат да го на­пра­ват од­лу­чу­вач­ки­от че­кор за исто­ри­ско­то по­ми­ру­ва­ње ме­ѓу ка­то­лич­ки­от и пра­вос­лав­ни­от свет и, ко­неч­но, вос­по­ста­ву­ва­ње единс­тво во хри­сти­јанс­тво­то. Пр­ви­от ме­ѓу ед­на­кви­те, ка­ко што го на­ре­ку­ва­ат Вар­то­ло­меј, ве­ру­ва де­ка ќе има по­ми­ру­ва­ње. По вра­ќа­ње­то од Рим, тој из­ја­ви де­ка ќе би­де по­стиг­на­то единс­тво, но тоа, нај­ве­ро­јат­но, не­ма да се слу­чи за вре­ме на не­го­ви­от жи­вот.

– Ди­ја­ло­гот со ка­то­ли­ци­те е еден од на­ши­те при­о­ри­те­ти, а па­тот за по­ми­ру­ва­ње е пат без вра­ќа­ње – из­ја­ви па­три­јар­хот.

popepat

По што се раз­ли­ку­ва­ат ка­то­лич­ка­та и пра­вос­лав­на­та цр­ква?

Ос­нов­на­та при­чи­на за раз­де­лу­ва­ње­то на цр­кви­те е бор­ба­та ме­ѓу рим­ски­те па­пи и ца­ри­град­ски­те па­три­јар­си за вр­хов­на­та власт. За рас­ко­лот по­мог­на­ле и по­сто­ја­ни­те раз­ли­ки ме­ѓу за­пад­на­та и источ­на­та цр­ква во обре­ди­те и во ор­га­ни­за­ци­ја­та. При­мар­ни­те при­чи­ни за Го­ле­ма­та шиз­ма би­ле спо­ро­ви по­вр­за­ни со пап­ски­от авто­ри­тет. Па­па­та твр­дел де­ка има авто­ри­тет над че­ти­ри­те источ­ни па­три­јар­си, до­де­ка че­ти­ри­те источ­ни па­три­јар­си твр­де­ле де­ка при­ма­тот на рим­ски­от па­три­јарх е са­мо по­че­сен, и тој има авто­ри­тет са­мо над за­пад­ни­те хри­сти­ја­ни.

Уче­ње­то за фи­ли­о­ки­ја­та, ко­ја е нај­го­ле­ма­та при­чи­на за раз­е­ди­ну­ва­ње­то, пап­ски­от при­мат и дог­ма­та за пап­ска­та не­по­греш­ли­вост се нај­го­ле­ми­те, но не и единс­тве­ни­те раз­ли­ки ме­ѓу источ­на­та и за­пад­на­та цр­ква по­ра­ди кои сѐ уште е не­воз­мож­но по­втор­но обе­ди­ну­ва­ње. Ана­те­ми­те од Го­ле­ми­от рас­кол од 1054 го­ди­на беа пов­ле­че­ни во 1965 го­ди­на од па­три­јар­хот Ате­на­гор и од па­па­та Пав­ле Ше­сти. То­гаш е фор­ми­ра­на за­ед­нич­ка ко­ми­си­ја од истак­на­ти те­о­ло­зи со за­да­ча да ги приб­ли­жат раз­ли­ки­те на две­те цр­кви. На де­сет­то­то со­бра­ние на ко­ми­си­ја­та, кое се одр­жа во гра­дот Ра­ве­на во октом­ври 2007 го­ди­на, бе­ше усво­ен до­ку­мент со 46 точ­ки, кој е оз­на­чен ка­ко те­мел на обе­ди­ну­ва­ње­то на ка­то­ли­ци­те и на хри­сти­ја­ни­те. Во тој до­ку­мент, кој тре­ба да би­де при­фа­тен од си­те пра­вос­лав­ни цр­кви, па­па­та е де­фи­ни­ран ка­ко прв ме­ѓу па­три­јар­си­те низ све­тот по­ви­ку­вај­ќи се на по­зи­ци­ја­та на рим­ски­от би­скуп во пр­ви­те ил­ја­да го­ди­ни од хри­сти­јан­ска­та цр­ква. Но, и по­крај сог­лас­но­ста на пра­вос­лав­ни­те и на ка­то­лич­ки­те те­о­ло­зи, оста­ну­ва­ат круп­ни раз­ли­ки во сфа­ќа­ње­то на при­ви­ле­ги­и­те што ги но­си пр­венс­тво­то на па­па­та во хри­сти­јан­ски­от свет. Ме­ѓу пра­вос­лав­на­та и ка­то­лич­ка­та цр­ква во те­кот на из­ми­на­ти­те ил­ја­да го­ди­ни на­ста­на­ле го­ле­ми те­о­ло­шки, ли­тур­ги­ски, но и обред­ни раз­ли­ки. Лу­ѓе­то нај­че­сто ги за­бе­ле­жу­ва­ат раз­ли­ки­те во на­чи­нот на кр­сте­ње на ка­то­ли­ци­те и на хри­сти­ја­ни­те. Дру­ги лес­но­за­бе­леж­ли­ви раз­ли­ки се тоа што ка­то­лич­ки­те све­ште­ни­ци не но­сат бра­да и не сме­ат да се же­нат, а ол­та­ри­те во хра­мо­ви­те кај пра­вос­лав­ни­те хра­мо­ви за­дол­жи­тел­но се свр­те­ни кон исток, што не е слу­чај со ка­то­лич­ки­те хра­мо­ви.

 

Што е фи­ли­о­кве?

Спо­ред древ­но­то уче­ње на Хри­сто­ва­та цр­ква, Све­ти­от дух, тре­то­то ли­це на све­ти­те трој­ца, из­ле­гу­ва од Бо­гот Отец. Тоа уче­ње го санк­ци­о­ни­ра Вто­ри­от все­лен­ски со­бор во ос­ми­от член на сим­бо­лот на ве­ра­та, на кој при­сус­тву­ва­ле си­те прет­став­ни­ци на цр­ква­та. Со те­кот на вре­ме­то, на За­пад поч­на­ло да се ја­ву­ва но­во уче­ње, пр­во за Шпа­ни­ја, де­ка Све­ти­от дух из­ле­гу­ва и од Си­нот. Та­кво­то уче­ње би­ло осу­де­но и на Исто­кот и на За­па­дот. Се­пак, уче­ње­то од Шпа­ни­ја се ши­ри по це­ла­та за­пад­на цр­ква и во по­че­то­кот на 11 век, око­лу 1014 го­ди­на, за вре­ме на вла­де­е­ње­то на па­па­та Бе­не­дикт Ос­ми, а по на­сто­ју­ва­ње на гер­ман­ски­от цар Хе­нрик Пр­ви, тоа уче­ње би­ло во­ве­де­но во сим­бо­лот на ве­ра­та на Ри­мо­ка­то­лич­ка­та цр­ква. Тоа пре­диз­ви­ка­ло огор­че­ност на Исто­кот, па во вре­ме­то на па­три­јар­хот Ми­ха­ил Ке­ру­ла­риј во 1054 го­ди­на дош­ло до Го­ле­ми­от рас­кол по кој Ри­мо­ка­то­лич­ка­та цр­ква се от­це­пи­ла од пра­вос­лав­на­та цр­ква.

8574983317_0ba27cfb37

ОС­НОВ­НИ РАЗ­ЛИ­КИ МЕ­ЃУ ДВЕ­ТЕ ЦР­КВИ:

Сим­бол на ве­ра­та

Ка­то­ли­ци­зам Сме­та­ат де­ка про­из­ле­гу­ва од Оте­цот и од Си­нот (на ла­тин­ски фи­ли­о­кве).

Пра­вос­ла­вие Сме­та­ат де­ка про­из­ле­гу­ва са­мо од Оте­цот (се сме­та за по­греш­но ве­ру­ва­ње­то де­ка Све­ти­от дух из­ле­гу­ва и од Си­нот).

Пап­ски­от при­мат

Ка­то­ли­ци­зам Па­па­та е не­при­кос­но­вен во­дач на Цр­ква­та и ду­хо­вен нас­лед­ник на Све­ти Пе­тар.

Пра­вос­ла­вие Па­па­та има са­мо сим­бо­лич­но пр­венс­тво над дру­ги­те епи­ско­пи.

Дог­ма за не­по­греш­ли­во­ста на па­па­та

 

Ка­то­ли­ци­зам Дог­ма­та за пап­ска­та не­по­греш­ли­вост е усво­е­на од пр­ви­от Ва­ти­кан­ски со­бор.

Пра­вос­ла­вие Со Цр­ква­та ра­ко­во­ди Све­ти­от дух пре­ку со­бо­рот.

Бо­гос­луж­ба

Ка­то­ли­ци­зам Ми­са без мо­ли­тва на Све­ти­от дух – епик­ле­за.
Пра­вос­ла­вие Све­та ли­тур­ги­ја.

При­че­сту­ва­ње

Ка­то­ли­ци­зам  При­че­сту­ва­ње се пра­ви са­мо со на­фо­ра.

Пра­вос­ла­вие При­че­сту­ва­ње се пра­ви со на­фо­ра и со ви­но (со кр­вта и со те­ло­то на Хри­стос).

Леб за при­че­сту­ва­ње

Ка­то­ли­ци­зам Ле­бот е на­пра­вен без ква­сец.

Пра­вос­ла­вие Ле­бот е на­пра­вен со ква­сец.

Кр­шта­ва­ње

Ка­то­ли­ци­зам Кр­шта­ва­ње­то и ми­ро­по­ма­за­ни­е­то се од­во­е­ни.

Пра­вос­ла­вие Све­та­та тај­на – кр­ште­ва­ње­то се од­ви­ва со ми­ро­по­ма­за­ние.

Брак

Ка­то­ли­ци Цр­кве­ни­от брак не мо­же да се раз­ве­де.

Пра­вос­ла­вие Цр­кве­ни­от брак мо­же да се раз­ве­де.

Це­ли­бат

Ка­то­ли­ци­зам Це­ли­бат и за мо­на­си­те и за све­ште­ни­ци­те.

Пра­вос­ла­вие Све­ште­ни­ци­те има­ат пра­во да се же­нат.

Чи­сти­ли­ште

Ка­то­ли­ци­зам Чи­сти­ли­ште­то  е ме­сто ка­де што не­по­ка­ја­ни­те греш­ни­ци по смрт­та има­ат шан­са да се по­ка­ат.

Пра­вос­ла­вие Не се приз­на­ва чи­сти­ли­ште.

Без­греш­но зач­ну­ва­ње

Ка­то­ли­ци­зам Све­та Ана без­греш­но ја зач­ну­ва Пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца (исто ка­ко што е зач­нат и Исус Хри­стос).
Пра­вос­ла­вие Пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца, ко­ја е ро­де­на по при­ро­ден пат од Јо­а­ким и од Ана, би­ла под­лож­на на пра­ро­ди­тел­ски­от грев ка­ко си­те дру­ги.

veligdenski-jajca

Зо­што Ве­лиг­ден се сла­ви на раз­ли­чен да­тум?

Ве­лиг­ден е еден од нај­го­ле­ми­те хри­сти­јан­ски праз­ни­ци и има про­мен­лив да­тум. Ка­то­лич­ка­та и пра­вос­лав­на­та цр­ква има­ат раз­ли­ки и во вр­ска со на­чи­нот на кој се утвр­ду­ва да­ту­мот за прос­ла­ву­ва­ње на Хри­сто­во­то во­скре­се­ние. Нај­го­ле­ми­от дел од пра­вос­лав­ни­те цр­кви, ме­ѓу кои и Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, се во­дат по Ју­ли­јан­ски­от ка­лен­дар, до­де­ка ка­то­лич­ка­та цр­ква го упо­тре­бу­ва Гре­го­ри­јан­ски­от ка­лен­дар. Пра­вос­лав­ни­те го сла­ват Ве­лиг­ден спо­ред пра­ви­ла­та утвр­де­ни на Все­лен­ски­от со­бор одр­жан во 325 го­ди­на – се­ко­гаш во пр­ва­та не­де­ла по про­лет­на­та рам­но­де­ни­ца на 21 март (мо­же да би­де и 20 и 19 март) и по пол­на­та Ме­се­чи­на, ко­ја па­ѓа на 14. ден од лу­нар­ни­от ме­сец. Ве­лиг­ден, исто та­ка, не смее да се сла­ви во исто вре­ме со евреј­ски­от праз­ник Пас­ха, ни­ту, пак, пред не­го. До­кол­ку Хри­сто­во­то во­скре­се­ние па­ѓа пред Пас­ха, то­гаш хри­сти­јан­ски­от праз­ник ќе се од­ло­жи за пр­ва­та не­де­ла по след­на­та пол­на Ме­се­чи­на. Ако по­втор­но се сов­па­ѓа, пак се од­ло­жу­ва за ед­на не­де­ла, но не по­доц­на од 8 мај.  По­вр­за­но­ста со праз­ни­кот Пас­ха е во ве­ру­ва­ње­то де­ка тај­на­та ве­че­ра (Ве­ли­че­твр­ток) се слу­чи­ла на овој праз­ник, па та­ка Ве­лиг­ден мо­ра да би­де пос­ле не­го. Прес­ме­та­но е де­ка праз­ни­кот над праз­ни­ци­те мо­же да пад­не ду­ри на 35 да­ту­ми во пер­и­о­дот од 22 март до 8 мај. За одре­ду­ва­ње на да­ту­мот ко­га ќе се сла­ви Ве­лиг­ден во ка­то­лич­ки­от ка­лен­дар се по­чи­ту­ва­ат след­ни­ве ус­ло­ви: да­ту­мот да би­де по про­лет­на­та рам­но­де­ни­ца на 21 март, во пр­ви­от ден од не­де­ла­та по пол­на Ме­се­чи­на, но не се од­ло­жу­ва ако се сов­пад­не со Пас­ха и не мо­же да би­де по 25 април. Не­ко­гаш да­ту­ми­те се сов­па­ѓа­ат, па та­ка и ка­то­ли­ци­те и пра­вос­лав­ни­те за­ед­но го сла­ват Ве­лиг­ден. Та­ков ќе би­де слу­ча­јот след­на­та го­ди­на ко­га Ве­лиг­ден и за за­пад­на­та и за источ­на­та цр­ква се па­ѓа на 20 април.

 (Текстот е објавен во 35. број на Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top