| четврток, 6 декември 2018 |

Со години се нагаѓаше, а сега е сигурно – ова навистина е ќерката на Путин!

После неколку години нагаѓање, конечно е потврдено. Јекатерина Тихонова, плавокосата танчерка, е ќерка на претседателот на Русија, Владимир Путин, потврдено е од Светската рокенрол конфедерација.

Манфред Мохаб, потпретседател на Светската рокенерол конфедерација на прашањето на Ројтерс, дали Тихонова е ќерка на Владимир Путин, одговорил: Да ја познавам. Кога по вторпат му е поставено истото прашање, кратко одговорил: Да!

Тихонова, како ни Кремљ, не одговориле на прашањето на Ројтерс.

Познато е дека Путин, поранешен КГБ офицер, својот приватен живот, вклучувајќи ги и двете ќерки Јекатерина и Марија, ги држи подалеку од јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top