| четврток, 6 декември 2018 |

Воден топ и барикади пред Кривичниот суд во Скопје

Кривичниот суд во Скопје е под големо полициско обезбедување поради протестот во 13,30 часот го најави ВМРО ДПМНЕ. Како што дознаваме, кон судот заминало возило со воден топ, а се поставуваат и барикади.

Утрово беа приведени 36 лица, меѓу кои функционери и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, по повод настаните во Собранието на 27-ми април.

Опозицијата ги повика симпатизерите и граѓаните кои не се согласуваат со политиките на власта да излезат на протест пред Основниот суд во 13.30 часот.

фото: Макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top