Специјалната обвинителка Катица Јанева доби награда за за најдобар шеф на обвинителство на Балканот, додека специјалното јавно обвинителство го доби признанието „Најдобро обвинителство на Балканот“, објави Макфакс.
Признанијата во име на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана ги врачи потпретседателот на советодавниот одбор на организацијата.
Случајно или не, истата невладина организација ИФИМЕС, на почетокот од годинава учествуваше во доделувањето на наградата за „ Најдобар градоначалник на Југоисточна и Средна Европа“.
Тогашното доделување на награда, во февруари годинава, Заев го искористи за да не се појави на рочиштето за судскиот случај „Поткуп“, во кој тој се товари дека како градоначалник на Струмица побарал 500,000 евра мито од струмички бизнисмен.
Награда за алиби: Со ветени тендери на потпретседателот на жирито Заев избега од „Поткуп“?
Заев минатата година се сретна со директорот на организацијата ИФИМЕС, Бечировиќ, а лидерот на СДСМ учествуваше и на неколку дебати организирани од ИФИМЕС. На една таква дебата органзиирана од ИФИМЕС учествуваше и сдсмовскиот идеолог Љубомир Фрчкоски и на истата најавуваше широка коалиција за промена на уставното име. Љубљанската ИФИМЕС важи за водечки лобист и отворен поддржувач на политиката на СДСМ во Словенија.
-Доброупратени извори коментираат дека дел од договорот при оваа купена награда на Заев е ако лидерот на СДСМ ја преземе власта во Македонија, фирмата „Еуроасфалт“ зад која стои потпретседателот на жирито кое ја доделува анградата, да добие силни градежни тендери во Македонија, бидејќи Заев ветува брда и долини кога ќе дојде на власт. Инаку, Бечировиќ е веќе разоткриен од словенечките медиуми, откако неговата ИФИМЕС е обвинета дека била вмешана во коруптивни скандали со градоначалникот на пристанишниот град Kопар, Борис Поповиќ, кој инаку близок пријател на Зоран Заев, пишуваше тогаш Журнал .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија