| четврток, 6 декември 2018 |

Медведев: Ривалството со Путин е невозможно

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев смета дека било каков облик на ривалство со рускиот претседател Владимир Путин на претседателските избори во 2018 година би бил погрешен и невозможен.

– Мислам дека тоа би било погрешно и невозможно затоа што ние припаѓаме на една политичка сила. Според тоа, зошто да се натпреваруваме, прашал Медведев во интервју за телевизијата Блумберг.

Зборувајќи за учеството на претседателските избори во 2018 година тој оценил дека треба да се почека за да се види што носи иднината.

– Сакам да го заокружам овој дел од мојот живот и работа. Се уште имам доволно сила да работа, истакна Медведев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top