Три лица се повредени во сообраќајната несреќа на патот кон Корча, во која учестввуале и две возила од придружбата на албанскиот премиер Еди Рама. Повредените се хоспитализирани и се надвор од животна опасност. Оштетени вкупно четири возила, од кои две од придружбата на Рама.
До несреќата дошло кога такси-возило влетало вопридружбата на Рама. Според албанските медиуми, најверојатно густата магла ја предизвикала несреќата.
Рама патувал за Корча, каде што требало денеска да се одржи заедничка седница на албанската и косовската влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.