| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје 1963: Како од поштата ја воспоставивме првата телефонска линија

Утро­то на 26 ју­ли 1963 го­ди­на од зем­јо­тре­сот се­ри­оз­но бе­ше оште­те­на и скоп­ска­та по­шта. Ка­ко ра­ко­во­ди­тел на то­гаш­ни­от од­дел за те­ле­ко­му­ни­ка­ции, ме­ѓу пр­ви­те се нај­дов пред об­је­ктот, кој во ва­кви­те си­ту­а­ции бе­ше од иск­лу­чи­тел­на важ­ност. Таа бе­ше глав­на­та по­шта и од неа за­ви­сеа си­те кон­та­кти што мо­жев­ме да ги вос­по­ста­ви­ме со гра­до­ви­те во Ма­ке­до­ни­ја, по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, но и со све­тот.

На Скоп­је му тре­ба­ше ит­на по­мош од се­ка­ков вид и кол­ку по­дол­го тра­е­ше не­го­ва­та изо­ли­ра­ност од не­го­во­то поб­ли­ско и по­да­леч­но окру­жу­ва­ње, тол­ку бе­ше по­ло­шо. За­што, пра­ктич­но, си­те што се на­о­ѓав­ме во гра­дот, на еден или друг на­чин бев­ме на­стра­да­ни и за­гро­зе­ни: по­треб­на бе­ше ит­на ме­ди­цин­ска по­мош, ле­карс­тва, ле­ка­ри, еле­мен­тар­ни снаб­ду­ва­ња со хра­на и со во­да, ева­ку­а­ци­ја на гра­ѓа­ни­те на си­гур­ни за­сол­ни­шта, во­зи­ла од се­ка­ков вид без кои не мо­же­ше да се за­мис­ли ефи­кас­на ко­му­ни­ка­ци­ја не­оп­ход­на во тој мо­мент. Да, но ка­ко да се вос­по­ста­ви ко­му­ни­ка­ци­ја во та­кви ус­ло­ви? Ние имав­ме ме­ѓу­град­ска цен­тра­ла, ко­ја мо­ра­ше да ја ос­по­со­би­ме, да ги изв­ле­че­ме вр­ски­те од згра­ди­те. Во тоа вре­ме функ­ци­о­ни­ра­ше уште ед­на цен­тра­ла, за во­е­ни це­ли, со ко­ја не­мав­ме вр­ска, а ко­ја, нај­ве­ро­јат­но, ја ин­ста­ли­ра­ле уште Гер­ман­ци­те за Вто­ра­та свет­ска вој­на. Тие ја на­ре­ку­ва­ле „Цвај кројц лај­не“ – две вкр­сте­ни ли­нии. Но, во ме­ѓу­вре­ме тре­ба­ше бр­зо да ре­а­ги­ра­ме, што се ве­ли, во мо­мен­тот, и да на­пра­ви­ме не­што под ит­но!

Во тие пр­ви ми­го­ви го по­ви­кав на­ши­от мон­тер, кој, исто та­ка, бе­ше при­стиг­нат, Јан­ко, со пре­кар Кме­тот, вод­ња­нец, и се до­го­во­рив­ме со не­го и со дру­ги­те ко­ле­ги да про­нај­де по­год­на бан­де­ра во бли­зи­на. Од неа да се вос­по­ста­ви вр­ска со Бел­град, со по­мо­шта на те­ле­фон. Тоа бе­ше оби­чен, ин­ду­ктор­ски те­ле­фон на вр­те­ње, но тој ни за­вр­ши го­ле­ма ра­бо­та. Јан­ко про­нај­де бан­де­ра во бли­зи­на­та, се иска­чи на неа и дол­го вре­ме ра­бо­те­ше. Ние до­лу со не­тр­пе­ние оче­ку­вав­ме што ќе се слу­чи. По из­вес­но вре­ме, Јан­ко ра­дос­но ни со­оп­шти де­ка вос­по­ста­вил вр­ска со Бел­град. По­тоа спу­шти еден ка­бел, до­лу под бан­де­ра­та за да мо­же по­лес­но да се ко­му­ни­ци­ра. Таа вр­ска пос­лу­жи за да мо­жат да се ја­ву­ваaт но­ви­на­ри­те и да из­ве­стат за не­сре­ќа­та. Прв на тоа ме­сто се нај­де и на­ши­от но­ви­нар Јо­ван По­пов­ски, до­пис­ник на бел­град­ска „По­ли­ти­ка“, кој, ка­ко се­га да го слу­шам, воз­бу­де­но го­во­ре­ше: „Скоп­је е раз­ур­на­то до те­мел, Скоп­је ве­ќе не по­стои“, и во таа смис­ла. По­тоа, при­сус­тву­ваа и дру­ги но­ви­на­ри, од За­греб и од дру­ги­те ју­гос­ло­вен­ски гра­до­ви. Би­деј­ќи бев­ме по­шта и си­те но­ви­на­ри до­а­ѓаа кај нас, утре­ден­та ос­по­со­бив­ме ед­на ба­ра­ка во ко­ја се со­би­раа. По­мал­ку е поз­на­то де­ка по по­ка­на на гра­дот Скоп­је, кај нас пре­сто­ју­ва­ше еден од нај­го­ле­ми­те свет­ски струч­ња­ци за те­ле­ко­му­ни­ка­ции, Шве­ѓа­не­цот Ин­гве Рап.

Пишува:

То­ме Ни­ко­лов­ски,
пен­зи­о­нер, по­ра­не­шен ра­ко­во­ди­тел за те­ле­ко­му­ни­ка­ции во Ма­ке­дон­ски по­шти

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top