Само десетина дена по неговата посета на Скопје и средба со премиерот Заев, градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис за австрискиот весник „Kurier“ вели дека за македонскиот премиер, Република Нова Македонија или Северна Македонија е прифатлив компромис за името.
– Новиот премиер Зоран Заев нема националистички идеи како неговиот претходник Никола Груевски, кој беше страшна несреќа за земјата. Заев сака компромис околу именувањето: Република Нова Македонија или Северна Македонија. Грција никогаш нема да прифати Република Македонија, вели Бутарис, кој неодамна го посети Скопје и се сретна со целиот државен врв, вклучувајќи го и премиерот Заев.
Од каде доаѓаат овие изјави и што се говорело на оваа средба помеѓу Заев и Бутарис, може само да погодуваме, но повеќе од загрижувачки и фактот што само десетина дена по средбата со Заев, градоначалникот на Солун за европски медиуми дава изјави со конкретни предлози за промена на името и го навестува токму тоа како солуција.
Дополнително, тој во своите изјави за авструскиот медиуми вели дека „со новото име Македонија би можела да си најде нов идентитет за себе и за својот народ“.
Грчките медиуми веќе го анализираа сегашниот „напредок“ на односите меѓу Атина и Грција како пресвртница во затворањето на проблемот со името .
„По победата на Зоран Заев, Грција покажува ‘добра волја’ и ова се толкува како можност за наоѓање решение во Њујорк по секоја цена, бидејќи она што е важно е – курсот на ФИРОМ … кон Евроатлантската унија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа