| четврток, 6 декември 2018 |

Затворање на „Есенски музички свечености“: Фантастичниот виолинист Никита Борисо-Глебски со Македонската филхармонија

„Поема екстаза“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток (30 ноември) во 20 часот, како последен настан сместен во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

Како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти од поновата генерација руски уметници, Никита Борисо-Глебски, кој ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар во d-moll оп. 47 од „таткото на финската музика“, Јан Сибелиус. Овој единствен Концерт за виолина на Сибелиус зазема значајно место меѓу современите дела од оваа музичка форма и е еден од најизведуваните.

Диригент на концертот е инспиративниот холандски/јужноафрикански маестро Конрад ван Алфен, а оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и атрактивните „Поема екстаза“ од Александар Скрјабин, како и тонската поема „Попладневна вештерка“ од Антонин Дворжак, секоја за себе со навистина бујна колоритност и наративност која што плени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top