Британскиот естабилишмент повторно ги анализира речениците на Берни Еклстон кој веќе подого време покажува интерес за светската политика, а не само за светот на Формула 1.
Поранешниот извршен директор на шампионатот на Формула 1, Берни Еклстон, покрај спортот, има разни други интереси, а тука спаѓа и политиката. Тој неодамна изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е човек кој што успеал најмногу да го импресионира.
Еклстон сега смета дека рускиот претседател треба да владее со цела Европа, затоа што, како што вели тој, Путин секогаш ги исполнувал своите ветувања.
-Искрено говорејќи, мислам дека тоа е човекот кој што ме има најмногу импресионирано и тоа е човекот кој што треба да владее со Европа. Ако господин Путин вети дека ќе направи нешто, тогаш тој тоа сигурно ќе го направи. Тој е првокласен човек- изјави Еклстон во интервјуто за “Financial Times”.
Запрашан потоа дали тоа би можело да значи дека тој одобрува „наклонетост кон авторитарноста“, „недостатокот на толеранција кон политичките противници“ и „хомофобичната политика“ која што според весникот ја практикува руската влада предводена од Путин, Еклстон изјави дека нема ништо лошо околу тоа.
-Кога јас одев на училиште, ако направиш нешто погрешно, наставниците велеа: оди и земи ја книгата и стапот за казнување. Оди кај директорот да добиеш неколку „воспитни“ и слично. Токму со тоа се занимава и Владимир Путин – изјави Берни Еклстон.
Како што пренесува споменатиот медиум, Еклстон во последно време го „шокирал“ британскиот естабилишмент – гласал за напуштање на земјата на Европската унија и зборува убави работи за американскиот претседател Доналд Трамп за кого што рече дека „направил многу за светот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.