| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиски принц ќе гради зграда висока 1.600 метри

Принцот Ал Валид бин Талал од Саудиска Арабија разгледува можност во Москва да ја изгради најголемата зграда во светот која би била висока, верувале или не, 1.600 метри.

Принцот е цврсто решен да го изгради облакодерот, но се уште дефинитвно не одлучил каде ќе го направи тоа, поради што ги повикал и другите светски метрополи, како Лондон, Шангај, Њујорк… да се вклучат во трката со Москва и да понудат даночни олеснувања и државна помош.

Во дебатите за изградбата на толку висока зграда се вклучиле експерти кои велат дека тоа не е невозможно, но дека градежниците ќе се соочат со големи предизвици и проблеми. Еден од поголемите проблеми ќе биде како да се дотстави вода до врвот на зградата. Тоа би предизвикало многу големи технички и финансиски проблеми.

Во овој момент е тешко да се предвиди колку би чинела изградбата на таква зграда, но сигурно е дека би било неколку милијарди долари.

Burj-Khalifa

Во овој момент најголема зграда во светот е Бурџ Калифа висока 828 метри, а во 2017 година се предвидува да заврши изградбата на Кралската кула во Ријад која ќе биде прва градба со височина од 1.000 метри.Прво Кралската кула била предвидена да биде висока 1.600 метри, но геолозите заклучиле дека составот на земјата нема да го издржи товарот. Трошоците за овој облакодер се планирани на 4,6 милијарди долари.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top