Една американака, која ја подготвила заверата да го убие бившиот претседател на САД Барак Обама е идентификувана откако се пронајдени ситни мачкини влакна на пакетот со експлозив која го испратила на негова адреса, открива извештајот на ФБИ.
Како што пренесува британски Гардијан, примероците од влакната се поклопиле со мачка на жена од Тексас, Џулија Поф (46). Официјална документација која е пополнета оваа недела во судот во Хјустон, покажува дека Поф е обвинета за праќање пакети експлозиви со рачна изработка во октомвеи 2016 година, на тогашниот претседател Барак Обама и гувернерот на Тексас, Грег Абот.
Пакетите кој се испратени на Обама ги пресретнала тајната служба, и ниеден од пакетите не експолдирал. Судските документи сепак истакнуваат “дека Абот избегнал сериозни повреди и смрт затоа што не ги отворил пакетите кога било планирано”.
ФБИ до Поф дошол преку содржината на пакетот. Во нив се наоѓала кутика цигари купена во продавница близу нејзиниот дом во Тексас, околу 30 километри од Хјустон. Обвинителството исто така открило дека во нејзината гаража е пронајден огномет, но главен доказ било крзното на нејзините миленичиња.
Влакна од мачките пронајдени се под поштенската марка. Влакната кои се пронајдени на пакетот за Обама била микроскопски, а припаѓале на една од мачките на Поф”, се наведува во обвинението.
Судиите тврдат дека обвинетата изјавила “дека не и се бендисувал Барак Обама и дека е вознемирена од Грег Абот, бидејќи не добила подршка од својот бив сопруг”.
Медиумите во Хјустон објавиле дека Поф во октомври тврдела дека “од нејзината куќа украдено е ѓубре со нејзини отисци од прстите”, како и дека незнае ништо за злосторствата кои некои можеби ги направил а докази упатуваат на неа.
Владата побарала Поф да остане во притвор до судењето, како не би влијаела на сведоците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.