| четврток, 6 декември 2018 |

Путин потпиша нов закон: Медиумите ќе бидат третирани како „странски агенти“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот со кој властите им овозможуваат на странските медиуми кои работат во Русија да се регистрираат како „странски агенти“, јави Танјуг.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлем Дезир минатата недела изрази загриженост поради мерките на САД и Руската Федерација со кои од медиумите од други земји се бара да се регистрираат како „странски агенти“.

ОБСЕ соопшти дека Министерството за правда на САД побарало од медиумите кои работат за „Раша тудеј“ во САД да се регистрираат во согласност со Законот за регистрирање странски агенти, додека, како одговор на тоа, руската Државна дума го измени законот за медиуми дозвојувајќи им на властите одделни медиуми да ги нарекуваат „странски агенти“.

Истовремено, повеќе медиуми поврзани со САД, вклучувајќи ги и „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“, добија известување од руското Министерство за правда за потребата да се регистрираат како „странски агенти“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top