Шпанската новинарка Клара Усон напишала книга за смртта на Ана, ќерката на генералот Ратко
Младиќ, кого деновиве во Хашкиот трибунал го осудија на доживотен затвор. Што имаат овие два
настани заедничо за да се најдат во иста вест? Многу нешта. Веста за казната и кај Ратко Младиќ, и во
неговото семејство била примена сосема мирно, како обична информација. Неговиот син Дарко само
прокоментирал дека неговиот татко нема да живее уште долго, дека е третманот кон него е нехуман, и
дека генералот имал желба да биде, по смртта, погребан до својата ќерка Ана, која под мистериозни
околности починала на 24 март 1994 година.
Уште на самиот почеток треба да се каже дека смртта на Ана Младиќ е – мистерија. Постојат
информации за самоубиство, како прва можност, но и за убиство организирано од страна на
муслиманските паравоени сили во тоа време, од нив платено а реализирано преку луѓе од српското
подземје со кои генералот Ратко Младиќ за време на босанската војна имал постојани конфликти,
пукања со жртви и тензии затоа што ги протерувал криминлкаците од редовите на војската која,
според неговите ставови, требала да биде заштитена од влијание на такви банди.
Познати се тензиите помеѓу генералот Ратко Младиќ од една, и припадниците на разни паравоени
групи од подземјето како на Аркан, следбениците на Гишка, Шешељ и други. Младиќ имаше култ кон
војската
Ана, една од најдобрите студентки на медицина, била миленичка на својот татко, генералот Ратко
Младиќ. А потоа на 24 март 1994 година, според една од верзиите за смртта, го зела најдрагиот
пиштол на татко и и во семејната куќа извршила самоубиство. Поранешиот командант на војската на
Република Српска, после оваа трагедија станал суров, со нагласени нагони за насилство кон
непријателите, и отсуство на било какви јавно покажани емоции.
Ана, која Младиќ ја нарекувал ѕвезда е една од индиректните жртви на сега веќе осудениот
злосторник. Таа била горда на татко и, го посетувала на бојното поле, а потоа во 1994 година нешто се
случило и таа кренала рака на себе.
Поранешниот командант отсекогаш тврдел дека неговата ќерка Ана не извршила самоубиство, туку
дека загинала од „српска рака”, а после апсењето дури рекол дека ги знае имињата на наводните
убијци.
Според официјалната верзија пак, Ана Младиќ (24) извршила самоубиство во семејната куќа во која
во тоа време биле нејзиниот брат и мајка. Во јавноста долго време се шпекулирало за мотивите
поради кои Ана кренала рака на себе.
Еден воен лекар сведочел дека пиштолот со кој наводно е убиена е пронајден во нејзината лева рака,
иако таа била деснак. Обдукцискиот наод покажал дека зрното останало во главата, иако се работело
за пиштол чии крушуми е невозможно да се задржат во главата ако се пука од непосредна близина.
-Сето тоа е сомнителен настан. Имате ќерка на генерал со кого е таа блиска и многу комуницира,
нејзин личен херој и херој меѓу неговитре Срби, една античка ситуација. Ана е студент, приврзна за
својот татко и исклучително ведра, друштвена и духовита. Повремено го посетува него на фронтот и
се враќа, неверојатно! Во 1994 година со нејзините колеги од факултетот ја посетија Русија, според
босанските медиуми, се вратила сосема поинаква. Повлечена, депресивна, страдала од несоница,
деконцентрирана -пишува шпанската новинарка во книгата за Ратко Младиќ.
И ова треба да се земе со резерва, бидејќи и овие информации како и тврдењето дека без сомневање
Ана Младиќ се самоубила, се од босанските извори, блиски до властите на муслманската етничка
заедница во Босна под власт на семејството Изетбеговиќ. Босна беше војна на пропаганди. Другите
извори даваат можност и за други опции.
Излегува од романот дека е логично да се заклучи дека масакрот во Сребреница е барем делумно, по
маса или бруталност, последица на траумата на Младиќ поради смртта на една ќерка, вели шпанската
новинарка Клара Усон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цело време лажел: Ќерка на српски фолкер го растурила бракот на Раста и Ана?
-
Немој да се силиш, или ќе те иселиме од станот: Ана Севиќ добила брутални закани од лихвари!
-
Барал од адвокатите да му донесат документи за развод: Дарко и Ана се разведуваат во болница!
-
Швајни доби награда, но ѕвезда на вечерта беше неговата сопруга!