| четврток, 6 декември 2018 |

Не можат да ја преболат смртта на сестрата – браќата на убиената Билјана подготвуваат крвна одмазда!

Синиша Радованчев (50) пред два дена во семејниот дом со нож ја усмрти својата невенчана сопруга Билјана Мијатовиќ (30), поради која ја напуштил својата прва жена и син.

Иако се уште не е познат точниот мотив на монструозниот чин, па се шират разни шпекулации околу тоа, полицијата се уште интензивно работи на откривање на сите детали.

Меѓутоа порталот Пинк неофицијално дознава дека браќата на убиената Билјана планираат крвна одмазда за убиство  на својата сестра.

-Браќата не сакаат да се помират со фактот дека нивната сестра веќе ја нема и се заколнале на крвна одмазда – раскажал за порталот добро информиран извор.

Несреќната жена која Синиша брутално ја искасапи во заедничкиот стан, само една година е постара од синот на Синиша од првиот брак, Срѓан.

Радованчев во моментот на трагедијата бил осуден на казна домашен затвор, поради нанесување тешки телесни повреди. Сепак и покрај куќниот притвор, Синиша слободно шетал секаде, па и дента кога Билјана сама ја подготувала својата роденденска прослава. Синиша цел ден го немало, а кога дошол бил пијан, што било повод за караницата со фатален крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top