Истражување на јавното мислење во Велика Британија објавено денеска, на ден по ветениот референдум за членството на земјата во ЕУ, покажува дека 40 проценти од Британците сакаат да ја напуштат ЕУ.
Во истражувањето биле вклучени околу 2.000 лица и тоа е спроведено од страна на ЈуГов во неделата и понеделникот. Со него е потврден долгорочниот тренд на битанската намера да ја напушти ЕУ. Триесет и седум проценти од испитаниците рекле дека сакаат да останат во ЕУ.
Вчерашната најава на премиерот Дејвид Камерон за референдум за членството на земјата во ЕУ најде на бројни осуди во Европа. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус ги оцени плановите на британскиот премиер како „избирање од мени“ во пристапот кон Европа. Германскиот министер Гидо Вестервеле рече дека „берењето цреши“ во однос на тоа во кои аспекти да се учестува во ЕУ „не е опција“.
„Германија сака Велика Британија да остане активен и конструктивен дел од ЕУ. Германија сака амбициозна реформа на економската и монетарна унија“, рече Вестервеле, објаснувајќи дека на Европа не и’ е потребна „помала интеграција“.
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц предупреди на можност од „дезинтеграција и можен распад на Унијата“. Министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билд рече дека идејата на Камерон за флексибилно членство „звучи фино“, но оти таа и ќе доведе до „Европа повеќе не. Само хаос“,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.