Најновите анкети во Грција можат директно да влијаат на решавање на спорот за името затоа што владеачката СИРИЗА е под силен притисок на опозициската партија Неа Демократија која што е во значително водство.
Во ситауција кога партијата на премиерот Ципрас има околу 12 % заостаток зад Неа Демократија на Киријакос Мицотакис тешко е да се очекува дека владата во Атина ќе влезе во сериозни преговори за името кои што можат дополнително да го нарушат нејзиниот рејтинг.
Според анкетата на Универзитетот Македонија од Солун а по нарачка на телевизијата Скај Нова Демократиаја е најпопуларна партија со 30,5 % пред СИРИЗА со 18,5 %.
На изненадување на грчката јавност според истражувањето трета најсилна партија веќе не е националистичката Златна Зора туку наследниците на некогаш најсилнбата партија ПАСОК кои што привремено се именуваат како Демократска коалиција а допрва ќе го бираат своето постојано ново име. Сега ПАСОК има 8% а Златна Зора 7% популарност.
Враќањето на ПАСОК на политичката сцена се случува по новиот мандат на лидерката Фофи Генимата добиен на последниот конгрес на партијата одржан викендот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција