| четврток, 6 декември 2018 |

Фолксваген го произведе 30милионитиот Golf!

Од производствената линија на Фолксваген фабриката во Волфсбург излезе  30 милионитиот Golf во светот, момент за историско паметење, новоедно и нов производствен рекорд на најуспешниот европски автомобил кој досега постоел.

Од производството на првиот Golf во почетокот на 1974 година, до денес, според статистиката, просечно над 2000 луѓе купувале ново возило од марката Golf „Das Auto”, секој ден, во текот на изминатите 39 години. Триесет милионитото возило eGolf TDI BlueMotion; скоро воведен нов модел кој во однос на потрошувачката на гориво сосамо3,2л/100км, претставува најефикасен модел на Golf изграден до сега.

 

Ден претходно, во четвртокот, проф. д-р Мартин Винтеркорн, претседател на Управниот одбор на Фолксваген АГ, и официјално ја прими престижната награда„Автомобил на годината 2013“ за автомобилот Golf,за која одлучува меѓународножири од 60 земји. Проф.Винтеркорнза двата значајни настани, го истакна следното: “Историјата на Golf е, воедно и историја на развојот на автомобилската индустрија. Со технологиите како: безбеден погон на предните тркала кај првиот Golf, дебито на TDI во третата генерација на Golf, ESP (електронската контрола на стабилноста) и двојната спојка кај четвртата генерација, како и стандардниот автоматски пост-колизионен систем за сопирање на новата генерација, овој автомобил постојано го „демократизира“ прогресот, правејќи ги достапни на поширокиот автомобилски пазар најновите достигнувања во индустријата.Благодарение на Golf, оптималната безбедност, удобноста и уживањето во возењето не се веќе прашање на луксуз. Оттаму, овој наш најпродаван автомобил со право го носи името „Фолксваген“.

Рекордниот автомобил ќе биде изложен пред вработените во фабриката во Волфсбург, на „Отворениот ден“ оваа сабота.

 

Седумте генерациi наGolf кои ја испишаа историјата
Golf I (1974-1983): „Сè започна во 1974 година, со револуција” –вели КлаусБишоф, раководителот на Дизајн на брендот Volkswagen. „Преминот од Буба (Beetle)во Golf беше револуционерен. Беше создаден нов автомобил со конверзија на задниот моторот со воздушно ладење во преден мотор со водено ладење и од погон на задни тркала во погон на предни тркала. Од аспект на надворешниот изглед на автомобилот, Фолксваген дизајнерите ги напуштија тркалезните форми и преминаа на нов дизајн со правоаголна структура – врз основа на легендарната дизајнерска студијана ЏорџоЏуџаро”.

 

Golf II (1983-1991): Ова е Golf-отво кој се воведени Фолксваген технологиите: контролиран каталитички конвертор (1984), ABS (1986) и погон на сите тркала (1986). Сериските модели од оваа генерација,напреднааво таа мера што дефинитивно станаа икона. МаркЛихте, водечкиот дизајнер наVolkswagen се присетува: „Во тоа време, клучниот момент во историјата на Golfбеше одлуката на членовите на Управниот одбор за понатамошно развивање на дизајнот на Golf I и конципирање на Golf II врз основа на неговата “визуелна ДНК”. Со ова сè се покрена и Фолксваген создаде основа за континуиран развој на сериските модели”.
Golf III (1991-1997): Во 1991 година, Фолксваген иницираше нова ера во системот за безбедност на третата генерација. Од една страна Golf III беше првиот модел во серијата кој понуди предни воздушни перничиња во 1992 година; а од друга страна напредокот во производството на каросеријата доведе до понатамошни подобрувања на нејзините безбедносни својства при незгоди. Првиот TDI мотор исто така, беше воведен во сериските модели на оваа генерација Golf (1993).
Golf IV (1997-2003): Под раководство на поранешниот шеф на Дизајн (групата) ХартмутВаркус, создаден е дизајнот, кој го поплочипатот кон иднината на Фолксваген. Денес, експертите го сметаат Golf IV како дизајнерска икона и пионер за серијата. Но овојGolfбеше воедно и инженерски подвиг со новите технологии како:  ESP (1998) и двојните спојки – DSG (2002).

 

Golf V (2003 до 2008): Тоа беше Golfот, чиј комфор, динамика и пред сè квалитет, ги засени останатите конкуренти во високата средна класа на возила. Вредноста која ја илустрира стабилноста на ласерски заварената каросерија е 35 проценти појаката торзијална крутост, кога GolfV го направи своето деби во 2003 година. Во 2007 година, базиран наGolfV, беше креиран првиот GolfBlueMotion(со потрошувачкана гориво од 4.5л/100км).

 

Golf VI(2008 до 2012): Каросеријата, повторно ласерски заварена, беше толку безбедна што помина со врвни оценки на ЕУРОКАП тестот, постигнувајќи го максимумот од пет ѕвезди. Триумфот на ТSI моторите (високо-технолошки бензински мотори) и конверзијата на турбодизелите (TDI) во систем со заедничка оска, доведе до подинамични перформанси и поекономична потрошувачка на гориво. Претходникот беше вториот GolfBlueMotion со  комбинирана потрошувачка на гориво од само 3.8л/100км.


Golf VII(од 2012):Намалената тежината задо 100 килограми во седмата генерација на Golf, ја ревидираше дискутабилната нагорна тежинска спирала. Потрошувачката на гориво беше намалена за 23 проценти, во споредба со претходниот модел, за специфичниот модел на мотор. Претходникот во оваа насока еGolfTDIBlueMotion со комбинирана потрошувачка од само 3.2л/100км и е воедно 30 милионитиот произведен автомобил. GolfVII ќе биде дефинитивно запомнат во историјата како компактен модел вокој една цела армада од нови дополнителни помошни системи го имаа своето деби. Тоа се превентивните и заштитни системи PreCrashи автоматскиот пост-колизионен систем за запирање – технологии кои во минатото имаа поголема веројатност да бидат понудени во повисоката класа на возила, отколку во компактната класа. Што повторно означува нова фаза во распространувањето – демократизацијата на автомобилскиот напредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top