| четврток, 6 декември 2018 |

На вашиот полн новчаник влијаат шест работи

На вашиот полн новчаник влијаат шест работи, но има начини како да го зголемите богатството со неколку совети. Многу е важно:

1.Каква боја е новчаникот?

За жени: златна, но и црвено-златна. Црвената боја е боја на оганот. Златото е метал, оганото го топи металот и го претвора во течно злато.

За мажи: кафен со златни детели. Земјата е кафена. Златото е метал. Земјата го создава металот и тоа е еднакво на постојани приходи.

2. Дали сами сте го купиле?

Правилото вели дека новчаникот секогаш треба сами да си го купите, бидејќи не знаете каква судбина, карма и енергија има личноста која ви го купила, а се однесува на финансирањето. И второ, дали лицето кое ви го купило новчаникот ви го подарил празен?

3.Дали сте горди на својот новчаник?

Треба да бидете горди на својот новчаник, бидејќи ако не го сакате, нема да може да го полните. Кога купувате новчаник, изберете го оној кој го сакате.

4. Дали банкнотите ви се убаво подредени?

Ако банкнотите не ви се добро подредени, тогаш нередот ја блокира енергијата на вашите финансии, исто како и во домот. Нередот во новчаникот покажува непочитување кон парите.

5. Дали новчаникот ви е полн со ливчиња и визиткарти?

Не смеете да носите неплатено, дури и платени сметки, бидејќи тоа секогаш ќе привлекува енергија на плаќање. Пожелно е да носите одделно торбиче за сметки и визиткарти.

6. Колку пари носите во новчаникот?

Метафизичката тајна вели дека треба да имате повеќе пари од вообичаено во новчаникот, бидејќи тоа повлекува уште поголем прилив на пари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top