| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто немате пари? Ова е главната причина!

Новчаникот е најважна точка на акумулација на секојдневните приходи. Ако забележите како некој ги става банкнотите во новчаникот, може да знаете колку пари има таа личност. Нередот во новчаникот не може да го акумулира приходот, туку само создава расход, вели меѓународниот фенг-шуи стручњак Сандра Дринчиќ во својата книга „Фенг шуи за пари“.

– Згужвани, лошо наместени банкноти говорат дека личноста нема доволно пари. Неорганизирани и неуредни банкноти не може да привлечат нови пари – вели Дринчиќ, додавајќи дека обично мажите не сакаат да носат новчаник бидејќи имаат финансиски проблеми.

Според неа, колку простор има во новчаникот, толку ќе има можност за нови пари – тоа е една од тајните на фенг шуи.

Малите новчаници треба да се користат само за ситни пари, за монети.

По фенг шуи е многу важно сами да си го купите новчаникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top