| четврток, 6 декември 2018 |

Чедо Саздовски исклучен од ГРОМ – што зборуваше пред изборите а што зборува сега?

Пратеникот Чедомир Саздовски, кој од пратеничката група на ГРОМ премина во независни пратеници, беше искучен од редовите на неговата партија поради напуштањето на групата на чија листа влезе во собранието.

-Општинската организација на ГРОМ Кисела Вода на денешната седница, најостро ја осуди постапката и чинот на пратеникот Чедомир Саздовски со преминувањето во “независен” пратеник, со што ги изневери членовите на ГРОМ , гласачите на ГРОМ и Коалицијата за подобра Македонија. Ги стави личните и лукративни над програмско-партиските интереси и конечно со неговиот однос во Собранието на Р.Македонија и државните интереси. ГРОМ Кисела Вода изгласа едногласно предлог одлука до Централниот Одбор на ГРОМ да се исклучи од членство во партијата на првата наредна седница. – стои во соопштението на ГРОМ од Кисела Вода.

Телевизија Алфа, објави видео во кое може да се види радикалниот наратив на Саздовски пред изборите, кој целосно се промени во изминатиот период. Па така, од голем критизер на СДСМ и Зоран Заев, стана нивни подржувач.

Пратеникот Чедомир Саздовски е последниот доказ дека политиката, како еден од најстарите занаети на политичарите им носи и убави, но и тешки моменти во кои што на испит ги ставаат угледот, честа и доблеста.

Саздовски кој по локалните избори од опозиција стана дел на владеачката коалиција, вчера беше исклучен од членство во партијата ГРОМ, која е дел од опозициската коалиција „За подобра Македонија“, а преку која тој влезе во парламентот.

Саздовски до 2012 година беше член на СДСМ, а во петокот гласаше за заклучокот со кој собранието одлучи дека има потреба од носење на закон за јазици, со кој албанскиот ќе стане втор официјален јазик на територија на цела држава.

За разлика од последната седница на собранието на која Саздовски гласаше за албанскиот јазик како официјален во Македонија тој пред нецели 12 месеци оштро ја напаѓаше идејата за воведување на двојазичност и најавуваше дека СДСМ не може да натера никого да прифати албански како втор службен јазик.

Во истата прилика пред парламентарните избори Саздовски обвини високи функционери на СДСМ дека краделе од европските фондови што ги користела Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top