| четврток, 6 декември 2018 |

Постар маж измамил 19- годишно момче во Скопје

Постар скопјанец измамил 19- годишно момче.

Од полиција известуваат дека вчера во 14 часот и 30 минути 19- годишниот Ј.П пријавил дека истиот ден околу 13 часот и 30 минути на булеварот “Кочо Рацин“ на автобуска постојка од страна на непознат сторител на возраст околу 60 години извршена му била измама, со што лицето се стекнало со противправна имотна корист од околу 1.500 денари.

Од МВР соопштуваат дека, додека пријавителот правел фотокопии на негови лични документи, дошол сторителот и го прашал дали може да му даде македонски пари за да и ги покаже на сопругата, а како гаранција дека ќе му ги врати парите му го оставил својот часовник (кој бил фалсификат часовник, односно бижутерија), по што тој излегол и не се вратил.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top