Македонската филхармонија денеска напладне ќе одржи симфониски концерт за деца насловен „Магичен глас“, на кој како солист ќе настапи сопранот Билјана Јосифов. Аниматор на концертот ќе биде актерот Мартин Јордановски, а диригент Дијана Илкоска-Имери.
– Приказната се однесува за едно момче кое сака да стане оперски пејач и сонува сон во кој тој навистина пее оперски арии. Во сонот се појавува добрата вештерка, која е всушност оперска пејачка, и се обидува да му го оствари сонот…Приказната е полна со хумор и изненадувања и прекрасна музика соодветно избрана за најмладите слушатели, дела од Копланд, Бернштајн, Римски-Корсаков, Моцарт, Мусоргски, Штраус, Росини, соопшти Филхармонијата.
До крајот на годината ќе се одржи уште еден симфониски концерт за деца, на 23 декември, насловен „Новогодишни волшепства“ кој, како што наведува Филхармонијата, ќе донесе музика од класичната литература наменета за таа пригода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан