| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија се заканува: Ако навивачите скандираат против државата, ќе го затвориме „Ноу Камп“

Претседателот на Здружението на фудбалски прволигаши, Хавиер Тебас ги предупреди навивачите на Барселона дека треба да се однесуваат пристојно за време на дуелите на нивниот омилен тим. Тебас потенцираше дека навивачите може да извикуваат пароли кои ќе бидат поврзани со независноста на Каталонија, но никако не смее да се користат навредиливи пароли за Шпанија.

Откако минатиот месец беше оддржан референдум за независност во Каталонија, гледачите на „Камп Ноу“ се активираа за се погласни скандирања за независност на Каталонија.

-Скандирањето за независност не го сметаме за навреда или за позив за насилство. Сепак, одлучивме дека скандирањата кои се навредиливи и се однесуваат на Шпанија, да бидат санкционирани. Една од можните санкции е да се затвори стадионот на Барселона, вели Тебес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top