Советниците од коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса обвинуваат дека го изгубиле мнозинството во Советот на Општина Гостивар затоа што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ургирал советници да ја променат страната. Со тоа градоначалникот, Арбен Таравари, не би ја имал поддршката од Советот, затоа што мнозинството би било предводено од советниците на ДУИ.
-Чувствуваме морална обврска да ве информираме дека до вчера имавме обезбедено мнозинство од над 16 советници за конституирање на Советот на Општина Гостивар, па затоа за денес инициравме одржување на конститутивна седница. Но, вчера во доцните часови, во Гостивар престојувал министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и злоупотребувајќи ја неговата функција, успеал преку закани и уцени да ги натера општинските советници од помалите партии да преминат на страната на губитниците на изборите, велат од двете партии.
Од тие прачини, додаваат, ја напуштиле седницата.
-Ние советниците од редовите на Алијансата за Албанците и Движењето Беса, оценивме дека е неразумно да бидеме дел од крајно манипулираната конститутивна седница, па затоа ја напуштивме истата, информираат од БЕСА и од партијата на Зијадин Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Касами го потсетува Заев: Доби гласови од Албанците, сега одговори на нивните барања
-
Движење БЕСА на Билал Касами: Понудата на Заев за простување, ги девалвира евро-атлантските вредности
-
БЕСА бара изедначување на македонскиот и албанскиот народ: Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент
-
Средба Касами – Петерсен: Беса ќе придонесе за референдумот да биде успешен