Повеќе од 224 илјади бебиња на сириски бегалци се родени во Турција во изминатите шест години, односно од почетокот на граѓанската војна во Сирија. Ова го соопшти турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Според него, во Турција моментно има вкупно 976 илјади сириски деца кои посетуваат училиште. Од нив, 620 илјади почнале образование во Турција. Според турското МНР, во Турција има 3,3 милиони сириски бегалци. Околу 17 илјади Сиријци се на универзитети во Турција, објави Хуриет Дејли Њуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат