Вo петок, 17-ти ноември во 19 часот, во Музејот на театарска уметност во Белград ќе биде промовирано ексклузивното издание на српски јазик на изборот драми од македонскиот писател со светско реноме Јордан Плевнеш со наслов „Среќата е нова идеја во Европа“. Во изборот се застапени шест драми: Вечната куќа,. Р, Македонски состојби, ЈУ антитеза, Еригон и Среќата е нова идеа во Европа. Драмите се во превод на академик Ристо Василевски, а со предговор со наслов „Плеј Плевнеш“ на култниот српски театарски и филмски режисер Бора Драшковиќ кој го става делото на Плевнеш во светски рамки нарекувајќи го „Macedonian global observer“.
Изданието е збогатено со извадоци од критики за делото на Плевнеш од светскиот печат и од најзначајните имиња на српската театарска критика кои пишувале за неговите драми како што се Владимир Стаменковиќ, Јован Ќирилов, Драган Клаиќ, Јован Христиќ, Мирјана Миочиновиќ и други.
За драмскиот опус на Јордан Плевнеш ќе говорат Бора Драшковиќ, Радомир Путник, Мето Јовановски и Ристо Василевски, а извадоци од објавените драми ќе читаат актерите Јадранка Наниќ Јовановиќ и Милан Цаци Михаиловиќ.
Симболично ова издание го означува 35 годишното присуство на драмите на Плевнеш на театарските сцени во Србија кои се здобиле со повеќе Стериини награди на престижниот театарски фестивал во Нови Сад..
Инаку, минатата година за романот „Осмото светско чудо“ Јордан Плевнеш беше награден на Меѓународниот саем на книгата во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Плевнеш во париски „Монд”
-
Уметнички портрет на Јордан Плевнеш по повод изборот за редовен член на Европската академија на науките и книжевностите
-
Претседателот на Европската академија на науките, уметностите и културата ја посети специјалната болница „Филип Втори“
-
Дали културна Европа може да ја спаси политичка Европа? Предавања на Жан-Патрик Конрад и Јордан Плевнеш