| четврток, 6 декември 2018 |

Нема веќе болка, сега е слободен – Тајчи со потресни зборови се прости од починатиот сопруг!

Метју Камерон, сопругот на некогашната голема југословенска ѕвезда Тајчи, ја изгуби битката со ракот. Со месеци наназад сите беа запознаени со фактот дека е болен од рак на белите дробови, но и покрај сите напори да се излечи, тој го напушти овој свет.

Скршена од болка, Тајчи се прости од него.

-Нема веќе болка. Веќе не е врзан за ограничувањата на човечката егзистенција. Сега е целосно слободен. Од сега ќе црпеме сила и радост од се она што тој е и она што ни го даде – напиша пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top