Скопјанец останал без својот луксузен џип додека завчера наутро пазарел во продавница во близина на зелениот пазар во населбата Тафталиџе, информираше МВР.
На 13 ноември лицето С.Е. (24) од Скопје пријавил дека околу 08.40 часот, пред тобако на улицата „Московска”, од страна на две непознати лица му било одземено патничко возило „Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Спорт” со скопски регистарски ознаки.
С.Е. застанал пред маркет и возилото го оставил незаклучено и со мотор во функција. Во исто време слушнал отворање на врата од возило. Тој се обидел да ги спречи во намерата, но двајцата сторители со голема брзина го стартувале возилото и заминале во непознат правец. Околу 09.05 часот полициски службеници го пронашле отворено возилото на патот Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци.
Во 14.00 часот возилото му било вратено на пријавителот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, се вели во информацијата на скопската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.