Министерот за правда на САД објави дека ќе биде спроведена истрага по одредени прашања во Фондацијата Клинтон и продажба на фирмата Uranium One на руска компанија.
Uranium One, канадска рударска фирма која поседувала петина од американските резерви со ураниум, во 2010 година беше купена од страна на руската државна компанија Rosatom.
Американското министерство за надворешни работи, под тогашната државна секретарка Хилари Клинтон, помогнало во одобрување на овој договор од 2010 година, заедно со поранешниот претседател Барак Обама.
Републиканците тврдат дека министерството за надворешни работи го одобрило овој договор откако хуманитарната фондација на Бил Клинтон примила донација во износ од 145 милиони долари.
Сопственици на фондацијата Клинтон, се поранешниот претседател на САД Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари, која беше кандидат за претседател на Америка на последните избори на кои изгуби од Доналд Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Несудената претседателка ќе стане глумица
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша