| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник ограбен на фонтана во Парк: Му ја земале јакната и 200 денари

Во текот на вчерашниот ден во 18 часот било пријавено дека во Скопје кај фонтаната во Градски парк, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над 15 годишeн малолетник од Скопје.

Тие му ја одзеле јакната и 200 денари. Ова е седми напад на малолетник од петокот до денес. Нападнато беше дете и вчера, како и викендов и тоа за 300 денари на булеварот Партизански одреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top