| четврток, 6 декември 2018 |

Почна снимањето на филмот „Деца на Сонцето“ на Антонио Митриќевски

Со сцената во заливот на Крал, падна првата клапа на филмот „Деца на Сонцето“, кој ќе се снима 36 работни дена, од кои поголемиот дел во Преспа, поточно на брегот на Преспанското Езеро.

Филмот „Деца на сонцето“ е македонско-српска копродукција во режија на Антонио Митриќевски по сценарио на Горан Михиќ.

– Ја одбравме Преспа поради тоа што е најавтентична за она што јас и мојата екипа го имаме замислено, рече Антонио Митриќевски, на денешниот почеток на снимањето.

Во филмот се зборува за фамилијата на Кралот и сите нејзини премрежија низ кои минуваат нејзини четири генерациии.

Кралот го глуми Мето Јовановски, а негова сопруга е доајенот на македонското атерство Милица Стојановска, која вели дека ова и е најголемата улога во нејзината кариера.

Градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски, искажа задоволство што овој филм се снима токму во Преспа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top