| четврток, 6 декември 2018 |

За триесет години, ова се нема случено – зборовите на блиските на Оливер Драгоевиќ ги расплакаа сите!

Пејачот Оливер Драгојевиќ го откажа својот настап на концертот во Германија, но неговите колеги во Франкфурт, сепак ги испеаја неговите песни, како знак на подршка за овој пејач.
Оливер Драгојевиќ не можел да отпатува во Германија бидејќи лекарот му забранил, а било евидентно дека на сите им недостигал на сцената, но и надвор од неа.
– Во Германија доаѓаме повеќе од 30 години. Не паметам дека поминала година кога Оливер не бил со нас. Сите сме со него и сакаме следната година да пееме заедно-раскажал Младен Бодалец, а Петар Грашо, кој го отворил концертот раскажал:
-Сигурен сум дека ќе ни се врати многу посилен. Влијаеше на нашите животи, а се надевам дека допрва ќе влијае-рекол Грашо.
-Тажни сме што Оливер не е со нас. Се слушнав со него телефонски. Тој е човек со силна глава, што се поднесува стоечки. Уверен сум дека нашиот пријател следната година ќе биде со нас – рекол Мате Булиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top