Викендов во Охрид, во 83-та година од животот почина Есад Бајрам, писател од турската националност во Македонија. Посмртните останки на Есад Бајрам беа погребани вчера во Охрид.
Есад Бајрам е роден во Охрид, во 1934 година. Беше писател и општествено-политички работник. Член на ДПМ беше од 1987 година.
Како поет, раскажувач и писател за деца, Есад Бајрам зад себе остави низа книги објавени на турски и преведени на македонски јазик. Меѓу неговите дела се стихозбирките: „Плетенки“, „Дневни прошетки“, „Палата на душата“ и „Диван“, збирката раскази „Пеливани во кујната“ и книгите за деца „Буквар”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.