Кризниот штаб во иранското Министерство за внатрешни работи соопшти дека има над 160 загинати во земјотресот што ноќеска погоди реон нараницата на Иран со Ирак. Според нив, повредени се 1.686 луѓе.
Најтешко погодени се иранските провинции Керманшах и Илам во западниот дел од Иран.По првиот потрес од 7,2 степена имало 12 последователни потреси со интензитет од 3,6 до 4,7.
Епицентарот се наоѓал на 32 км северно од градот Сарпол е Захиб и на 100 км југоисточно од ирачкиот град Сулејманија.
Засега Багдад не соопштил за жртви или материјална штета на ирачка територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.